Најчесто поставувани прашања
Регистрација и употреба на ID operated by Evrotrust моментално е достапна во Република Северна Македонија за македонските граѓани. Меѓутоа, кога еднаш ќе се регистрираат, електронската идентификација, квалификуваните електронски потписи и квалификуваната услуга за електронска достава може да се користат во Европската унија и многу други земји кои што ја признаваат валидноста на квалификуваните услуги, обезбедени од квалификувани даватели на доверливи услуги регистрирани на територијата на ЕУ.
Електронската идентификација може да се користи за да се идентификувате на далечина пред јавните институции, банките, осигурителните компании, лизинг компаниите, телекомите, финансиските институции и било која трета страна, исто како да покажувате документ за лична идентификација.
Квалификуваниот електронски потпис може да се користи секогаш кога треба да се потпишат електронски документи со иста правна важност како и хартиените документи, своерачно потпишани. Тоа можат да бидат апликација за услуги на јавните институции, Договори, декларации, полномошно, итн.
Квалификуваната електронска регистрирана испорака може да се користи за испраќање и примање на електронски документи и друга електронска содржина со иста правна вредност како препорачана пошта. Така, банката може безбедно да ви го испрати договорот за отворање банкарска сметка или јавната институција може да ви го испрати сертификатот за испорачаната јавна услуга.
Evrotrust бара употреба на личен паметни уреди како паметни телефони или паметни таблети. Ова се должи на највисоките стандарди за безбедност и приватност според дизајнот. Затоа паметниот уред треба да поддржува биометриска автентикација. Можете да ја користите услугата на кој било уред што работи најмалку на iOS 10 или Android 6. Бидете сигурни дека имате доволно слободна меморија на уредот и имате овозможено биометриска автентикација за заклучување на уредот. Се препорачува добра WiFi и мобилна конекција (препорачливо е 4G).
Многу е лесно. Само превземете ја мобилната апликација Evrotrust од AppStore или Google Play и регистрирајте се следејќи ги упатствата. Потребни се неколку минути. Потоа, секогаш кога ќе треба електронски да се идентификувате или да потпишете документ пред јавните институции или фирми, ќе добиете известување на мобилениот уред, што би го потврдиле со препознавање на лицето или отпечаток од прст. Толку е едноставно – само еден клик.
Потребен ви е важечки документ за лична идентификација – лична карта или пасош, Интернет конекција на вашиот паметен уред и мобилен број. Проверете го поддржаниот список на земји што е достапен во нашата мобилна апликација и следете ги упатствата.
Решението ги исполнува највисоките технолошки и индустриски стандарди за компјутерска безбедност, криптографија и заштита на податоците. Вашите лични податоци се шифрирани преку асиметрични алгоритми. А заради биометријата која што се користи за отклучување на ID на вашиот уред, само вие можете да пристапите и да ги користите вашите податоци. Вие сте тие што одлучувате кои податоци и со кого сакате да ги споделите за да можете електронски да се идентификувате.
Ако го загубите вашиот телефон, тоа не е проблем. Вашите податоци во ID остануваат шифрирани и заштитени и никој не може да пристапи до нив. Во секој случај, препорачуваме да ја овозможите функцијата за бришење од далечина на паметниот уред, како што е обезбедено од самиот производител на уредот.
Може да го избришете Вашиот eID во два едноставни чекори. Само отворете ја апликацијата, одете на менито Профил -> Деактивирај го профилот. Кога ќе го избришете Вашиот eID, сите ваши податоци трајно ќе бидат отстранети од уредот. Затоа, пред да го сторите тоа, препорачуваме да ги превземете сите потпишани документи од вашата контролна табла. Користете ја опцијата за споделување поврзана со секој документ, што се појавува кога ќе го лизнете документот налево.
- Решението се заснова на регулирана услуга на пан-Eвропско ниво;
- Правно е обврзувачко насекаде во Европа, без потреба да биде признаен од националните агенции за борба против перење пари (AML);
- Достапно е до крајниот корисник преку најчесто користениот уред, паметниот телефон, во уникатен UX без оптоварување да поседува пошироки знаења или вештини – тоа е услуга со еден клик;
- Овозможува регистрација на крајните корисниците на далечина во екосистемот само еднаш, по завршеното регистрирање, повторната идентификација е со еден клик;
- Времето потребно за регистрација на далечина е пократко од 2 минути;
Методот за првична регистрација на далечина е сертифициран според eIDAS и има исто ниво на сигурност како и физичкото присуство; - Решението во ЕУ е регулирано како правно легално за потребите на AML/KYC во сите земји-членки и многу други земји;
- Може да се користи не само за идентификација, но исто така и за потребите на дигиталната трансформација, како електронско потпишување на Договори, декларации, платни налози и било кои други обврзувачки документи;
- Вклучува можност за квалификуван временски печат за настани во дигиталното опкружување;
- Може да се користи за испорака на кој било документ и содржина со користење на квалификувана електронска регистрирана услуга за испорака, директно во мобилната апликација на крајниот корисник. Креираните докази се правно обврзувачки;
- Таа се заснова на силна автентикација и употреба на биометрија. Вклучува силна асиметрична криптографија базирана на PKI;
- Услугите за идентификација како и доверливите услуги се обезбедени се со осигурување од одговорност.