Република Северна Македонија, Mastercard го дизајнираше Национален сервис за дигитален идентитет за да помогне во растот на дигиталната економија

Партнерство за градење по меѓународни стандарди, рамка

Владата на Република Северна Македонија и Mastercard денес ги претставија плановите за низа дигитални решенија што ќе ги унапредат аспирациите на дигиталната економија во земјата и ќе им дадат на граѓаните нов начин да го докажат својот идентитет при пристап до јавните и деловните услуги.

Целта на Партнерството е да донесе локален дигитален идентитет и сродни услуги – како што се потпишување и верификација на дигитален документ – кој што македонските граѓани можат да ги користат во бројни секојдневни активности. Меѓу првите апликации се електронските активности „Запознај го својот клиент“ за поддршка на далечинско отворање на нови банкарски сметки, без посета на филијала лично, како и нови припејд и постпејд претплати за мобилен телефон.

„Технологијата ги менува нашите животи на начини за кои до пред неколку години можевме само да сонуваме“, рече Ајај Бала, Претседател на “cyber & intelligence“ на Mastercard. „Најдобрите решенија доаѓаат со здружување на силни партнери. Заради тоа драго ни е што работиме со Македонската влада за решавање на реалните проблеми за нивните граѓани. Со оваа услуга, тие можат да користат дигитален идентитет за јавни услуги, притоа задржувајќи ја контролата врз нивните податоци со сигурност, приватност и доверба “.

Овој, прв од ваков вид напор ќе се заснова на неодамна креираните регулативи за дигитален идентитет во Република Северна Македонија и пошироките европски стандарди eIDAS (електронска идентификација, автентикација и доверливи услуги). Откако ќе биде започната, оваа услуга исто така ќе овозможи непречена дигитална интеракција помеѓу деловните субјекти и владините агенции низ целиот регион и целиот свет.

„Унапредувањето на нашата економија е од пресудно значење. Но, за да ги исполниме нашите потенцијали, сите мора да воспостават основи за дигитални доверливи услуги“, рече Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

„Ова партнерство ќе ја обезбеди услугата за дигитален идентитет што ги подобрува секојдневните искуства, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на нашите јавни и приватни услуги на патот кон поголем економски раст“, рече Нина Ангеловска, министер за финансии.

Партнерството ќе промовира отворена соработка со влади, банки, оператори на мобилни мрежи, универзитети и други партнери за обликување на услугите. Покрај услугата за дигитален идентитет, Mastercard исто така ќе поддржува други иницијативи за е-Влада и е-Услуги и ќе промовира сродни најдобри практики од други географски подрачја.

Услугата на Mastercard за дигитален идентитет имплементирана во Македонија се заснова на дистрибуиран модел што ја елиминира потребата од централизирана база на податоците за идентитет. Се базира на пристапот на Mastercard насочен кон потрошувачите, наведен во документот за визија „Принципи на дигиталниот идентитет“, кој дава приоритет на приватноста по дизајн

Вредноста на јавното-приватно партнерство

Според последната објавена “Бела книга“ на Светскиот економски форум, соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор нуди потенцијал за создавање нови модели на безбеден, корисен дигитален идентитет, кои се базираат на посветено и одговорно ракување со личните податоци, давајќи им на потрошувачите контрола на тоа кои податоци се користени и на кој начин се користени.

Владите низ целиот свет веќе работат на широк спектар на иницијативи за дигитален идентитет, почнувајќи од специфицирање на стандарди до развој на апликации и инфраструктури.

Напорите на Mastercard со Северна Македонија се дел од поширокиот круг на напор да се поддржи трансформацијата на начинот на кој поединци, претпријатија и јавните институции комуницираат on-line. Оваа иницијатива тесно се усогласува со партнерството на компанијата со француската влада за забрзување на дигитализацијата на економијата на земјата, заедно со другите стратешки соработки како што е веќе најавено со образовните и владините институции во Австралија. Понатамошни партнерства и пилот проекти ќе бидат воведени во текот на 2020 година.

За да дознаете повеќе за визијата на Mastercard за дигиталниот идентитет и идентификацијата, посетете ја WEB страницата www.idservice.com